Во индустриската зона во близина на поранешна "Свилара", недалеку од селото Горно Оризари во Велес, германска фирма сака да гради фабрика за производство на биодизел гориво. Во затворен систем со преработка на согорено моторно масло ќе се произведува биодизелот и дестилирана вода. Инвеститорите уверуваат дека производствениот процес нема да емитува опасни материи во воздухот и почвата. Ние ќе го правиме сосема спротивното. Нема да произведуваме никакви штетни гасови и нема воопшто да ја загадуваме животната средина. Ние работиме со зелена технологија, значи еколошка. Постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек. Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потреби документи и да почнат да ја градат постројката.
Во индустриската зона во близина на поранешна "Свилара", недалеку од селото Горно Оризари во Велес, германска фирма сака да гради фабрика за производство на биодизел гориво.
Во затворен систем со преработка на согорено моторно масло ќе се произведува биодизелот и дестилирана вода. Инвеститорите уверуваат дека производствениот процес нема да емитува опасни материи во воздухот и почвата.
- Ние ќе го правиме сосема спротивното. Нема да произведуваме никакви штетни гасови и нема воопшто да ја загадуваме животната средина. Ние работиме со зелена технологија, значи еколошка - рече Мено Мулер, германски инвеститор.
Постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек. Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потреби документи и да почнат да ја градат постројката. Велат дека имаат поддршка од надлежните институции и доколку се биде во ред за шест месеци ќе почне изградбата. Инвеститорите од Германија се сретнаа и со претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев.
- Очекуваме поголема поддршка од општината и од граѓаните на Велес и околината. Досега од Владата имаме голема поддршка и отстранети се голем број препреки за отпочнување на целиот процес - рече Мулер
Во почетокот се планира да се отворат триесетина работни места со тенденција за зголемување на бројот на нови вработувања. Германската инвестиција вреди 12 милиони евра.